Ледени коцки

Ледените коцки несомнено ќе го заскокоткаат вашето сетило за вкус и пријатно ќе ве освежат во топлите летни денови. Слаткиот десерт е многу лесен и едноставен за подготовка, а без исклучок изнудува комплименти.

Се одлучивме за класична комбинација – ледени коцки со сладолед од ванила и чоколадо.

Состојки

250gтемни бисквити
1 мала лажичкацимет
4 големи лажициомекнат маргарин или путер
Сладолед од ванила*
Сладолед од чоколадо*

* Можете да користите готов сладолед, или пак да приготвите сладолед од кесичка. Употребената количина сладолед одговара на сладоледот добиен од 2 кесички (една за чоколадниот и една за сладоледот од ванила). Подгответе го сладоледот според упатството на кесичката.

Начин на подготовка

  1. Во блендер или процесор за храна ситно издробете ги темните бисквити. Откако ќе добиете ситни трошки, додајте го циметот и омекнатиот маргарин или путер. Измешајте ги состојките во блендерот за да се соединат.
  2. Премачкајте длабок плех со многу тенок слој путер или маргарин. Ставете во него повеќе од половина од бисквитната смеса и рамномерно распространете ја по дното. Употребете ракавици или проѕирна фолија за поубаво да ја натапкате и распределите смесата. Оставете го плехот во замрзнувач 15-ина минути.
  3. Нанесете слој од чоколадниот сладолед. Внимателно израмнете го со лажица со нежно притискање. Можете да употребите и поголем нож за израмнување на првиот слој сладолед.
  4. Остатокот од бисквитната смеса нанесете го врз чоколадниот слој. Повторно ставете го плехот 15-ина минути во замрзнувач.
  5. За крај, нанесете подебел слој сладолед од ванила. Нежно израмнете и вратете го колачот во замрзнувач. Потребни се 6 часа за целосно замрзнување.
  6. Исечете го колачот на коцки. Декорирајте ги со бадеми или лешници, какао или цимет, чоколаден прелив или слатко од капини. Бидете креативни, употребете шлаг во комбинација со чоколадни трошки или свежо овошје, сè што можете да пронајдете во фрижидерот.

Со овој рецепт ќе добиете шест големи ледени коцки кои веднаш ќе исчезнат од чиниите.

Дегустирајте ги ледените коцки со црно кафе. Не запирајте само на оваа сладоледна комбинација, по желба може да употребите сладолед од карамела или страчатела или со овошен вкус.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.