Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Баклава – најслаткиот турски десерт

Баклава – најслаткиот турски десерт

Баклавата е популарно кулинарско искушение на кое едноставно не можете да му одолеете и од кое секогаш ќе посакате уште едно залаче. Слатката турска пита е совршен партнер на секој филџан силно кафе и примамлив десерт на секоја богата трпеза.

Креирањето на совршената комбинација од крцкави тенки кори, сечкани јаткасти плодови и сладок шеќерен сируп е мал предизвик во кујната. Но, со вистинскиот рецепт, од вашата кујна секогаш ќе излегува идеална баклава која експресно ќе исчезнува од чиниите.

Состојки

500 гр.кори за баклава
600 гр.ореви
1,5 кг.шеќер
1 пакетчеванилин шеќер
250 гр.маргарин (1 коцка)
750 мл.вода

Подготовка

  1. Измелете 300 гр. ореви, а останатите исечкајте ги ситно.
  2. Земете две кори и поставете ги една над друга. На едниот крај од корите по целата должина дарежливо ставете ореви, а потоа виткајте ги корите како ролат, започнувајќи од страната на која ги ставивте оревите.
  3. Ролатот ставете го во плех и повторете ја истата постапка со сите останати кори.
  4. Растопете ја коцката маргарин. Исечете ги корите на неколку делови (4 или 5) и потурете ги рамномерно со растопениот маргарин.
  5. Во загреана рерна на 180°C ставете ја баклавата да се пече 30-40 минути, односно додека да добие златна боја. Извадете ја и оставете ја да се олади.
  6. Во длабок сад за варење измешајте го шеќерот со 750 милилитри вода. Ставете го на тивок оган и откако ќе се растопи шеќерот, додајте го ванилиниот шеќер. Оставете го да врие точно 3 минути.
  7. Тргнете го шербетот од оган и додајте половина филџан ладна вода. Оставете го малку да се излади. Важно е шербетот да биде топол, но не премногу жежок (Кога ќе го ставите прстот во него, да можете да ја трпите топлината).
  8. Со добиениот шербет потурете ги изладените баклави и оставете ги да отстојат барем неколку часа за да го впијат шербетот.

Баклавата секогаш се сервира на собна температура и не се чува во фрижидер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.