Почетна » Рецепти » Кујнски совети » Мали совети за употреба на популарните зачини на македонското поднебје

Мали совети за употреба на популарните зачини на македонското поднебје

Навратете се на детството – кои јадења ви будат драгоцени спомени? Сармата кај баба и дедо? Кифлите со ким на мама? Тавче гравче на ручек кај тета? А колку од нив продолживте да ги приготвувате откако пораснавте?

Македонската кујна е фузија на специјалитети на кои гледаме со носталгија и ги предаваме од колено на колено. Низ цела таа кулинарска традиција, се провлекуваат повеќе зачини и билки, а со тек на времето, го прошируваме дијапазонот.

Зачини

За правилно да ги складирате и користите најпопуларните зачини и билки кај нас, издвојуваме мали совети кои ќе ви бидат од голема полза:

Магдонос

Магдоносот идеално се вклопува во илјадници рецепти, а го обожаваме и како декорација, затоа што сè изгледа подобро сервирано кога одгоре има малку магдонос.

Зачини

Употреба во готвењето: Се користи целосно. Зачинете ги јадењата со неговите исецкани свежи или сушени лисја, за да им дадете дополнителна арома, а од коренот направете убава пролетна супа.

Ако сакате да го надополните вкусот на вашето пире од компири, искористете го свежиот корен од магдонос во микс со сув копар или сув магдонос и ќе добиете совршен и изглед и вкус.

Зачини

Складирање: Пред да се складира свежиот магдонос во фрижидер, потребно е добро да се измие, а потоа и да се исуши добро, по можност со хартиена крпа. За да остане што подолго свеж, најдобро е да се чува во пластична ќеса и добро затворен сад.

Кога користите сув магдонос, чувајте го во херметички затворен сад на ладно, суво и темно место. На овој начин, неговата арома ќе остане зачувана и нема да се случи промена на бојата, бидејќи не е изложен на светлина.

Слатка пиперка

Речиси не постои македонско домаќинство кое константно не користи мелена слатка пиперка.

Зачини

Употреба во готвењето: Освен што на јадењата им дава убава црвеникава боја, може да се користи како главен зачин во одредени јадења, како што се различни гулаши, чорби и паприкаш, како и маринади за месо.

Доколку сакате попикантен вкус и нешто малку поразлично, можете да ја измешате со лажичка лута пиперка за да го збогатите вкусот со уште едно ниво.

Зачини

Складирање: Слатката пиперка е препорачливо брзо да се искористи, најдобро во рок од 6 месеци, бидејќи во спротивно, може да остане без вкус и нејзината боја нема да биде толку интензивна.

Најдобро е да се чува на темно, ладно место, бидејќи на светлина зачинот ја губи својата препознатлива боја и арома. Затоа, купувајте слатка пиперка во вреќичка, а не во стаклена тегла, за да остане заштитена од светлината.

Лук

Или го сакате или не - нема трета опција кога станува збор за лукот. Иако има лоша репутација поради мирисот којшто го остава во устата, без неговата препознатлива арома, одредени јадења нема ни приближно да бидат толку неодоливи како што се со неа.

Зачини

Употреба во готвењето: Месото, на кое претходно му е додаден лук во гранули, по печењето ќе има вкусна и крцкава кора. Сушените гранули од лук го задржуваат вкусот 100%, не загоруваат толку лесно како свежиот лук и нема да имате проблем со интензивниот мирис на дланките кој знае да остане во текот на целиот ден.

Не дозволувајте лукот да ви загори, бидејќи ќе биде исклучително горчлив и може да ви го уништи целото јадење.

Зачини

Складирање: Лукот во гранули не смее да се изложува директно на сонце и влага, бидејќи под нивното влијание, се прави како леплива маса, која е тешко да се раздвои.

Црн бибер

Црниот бибер ни дава умерена лутина и препознатлив вкус. Се смета дека е еден од најкористените зачини во рестораните ширум светот, а е особено присутен и во нашата кујна.

Зачини

Употреба во готвењето: Совршено се совпаѓа со навистина разновидни јадења – со својот силен вкус му дава на месото сила, на јајцата и печурките им го истакнува вкусот, а на морските плодови им ја подобрува аромата.

Кога употребувате или мелете бибер, бидете внимателни, бидејќи со вдишување на правот може да ги изиритирате дишните патишта и тоа да доведе до болка и „напади“ на кивавица.

Ако случајно претерате со црн бибер за време на подготовка на јадењето, додајте малку млеко или јогурт за да го разблажите неговиот интензитет и веројатно никој нема ништо да примети.

Зачини

Складирање: Можете да го чувате подолг временски период, бидејќи не го губи својот квалитет и аромата кога се чува во добро затворен сад.

Ловоров лист

Ловоровите ливчиња ослободуваат толку примамлива и релаксирачка арома што ќе посакате да ве следи низ целиот ден.

Зачини

Употреба во готвењето: Внимателно дозирајте го ловоровиот лист поради неговиот интензивен вкус и арома. На пример, на еден килограм месо за гулаш е доволен само еден лист од ловор.

Ако се обидете да го гризнете ловоровиот лист, тој нема карактеристичен вкус сам по себе, затоа треба да користите барем малку течност во подготовката, за да ја ослободите неговата позната арома. Затоа, тој е речиси неизбежен зачин во сите сосови со медитерански вкус.

Во подготовката на риба во рерна, на секоја страна помеѓу рибата и тавата ставете ловоров лист. Освен што дава богата арома и вкус, го спречува лепењето на рибата за површината на тавата.

Зачини

Складирање: Ловоровиот лист трае подолго време ако го чувате во добро затворена вреќичка или сад. За да го тестирате дали е во добра форма, скршете едно ливче и помирисајте го. Доколку мириса со ист интензитет како и нескршените ливчиња, време е да ја обновите залихата.

Ким

Кимот е зачин со уникатен вкус и не само што се користи за готвење, туку е и значаен елемент во хербалната медицина.

Зачини

Употреба во готвењето: Посипете ким по кифличките или измесете го во тестото за леб за да им дадете дополнителна арома при печењето.

Со додавање на ким во една од омилените традиционални јадења - домашна супа, ќе откриете нова привлечност. Ако сте подготвени за малку експериментирање, подгответе традиционален блискоисточен пудинг со ким наречен Meghli.

Од кимот можете да си подготвите чај со одличен вкус кој има смирувачки ефект и ја подобрува дигестијата.

Зачини

Складирање: Правилното складирање многу влијае на квалитетот на зачините. Најдобро е кимот да го чувате на суво и темно место во добро затворен сад.

Многу повеќе совети за зачините и идеи за рецепти можете да пронајдете на:

https://zacini-inspiracije.mk/monozacini/persin/.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.