Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џони Деп ја посети Србија, се сретна со Вучиќ и се фотографираше со фанови

Џони Деп ја посети Србија, се сретна со Вучиќ и се фотографираше со фанови

Џони Деп денеска пристигна во Србија и веднаш се сретна во претседателот Александар Вучиќ.

На приемот во Белград, холивудскиот актер му ја подари на српскиот претседател „птицата“ Џони Паф, односно неговиот лик во српската анимирана серија „Puffins“.

По средбата, Вучиќ му се заблагодари на Деп што ја промовира неговата земја и се пошегува: „Главен впечаток ми е тоа што никогаш во последните десет години немам видено таква ангажираност и посветеност од сите дами во мојот кабинет, затоа што сите останаа да работат прекувремено и се дотераа како никогаш досега, а јас сум сигурен дека тоа е само поради мене, а никако поради Џони Деп.“

На 58-годишниот актер му беше најавено дека ќе добие Орден за заслуги на церемонија која ќе се одржи во февруари следната година.

Деп престојува во Србија по повод промоцијата на серијата „Puffins“, која е продуцирана од „Архангел студио“ на Милош Биковиќ и креирана од „Јерволино студио“.

Филмскиот „ветеран“ беше пречекан од голем број фанови кои не ја пропуштија шансата да се фотографираат со него.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11082 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.