Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џони Деп одликуван со орден за заслуги од српскиот претседател Вучиќ во Белград

Џони Деп одликуван со орден за заслуги од српскиот претседател Вучиќ во Белград

Џони Деп беше одликуван со орден за заслуги на церемонија во Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ му додели златен медал на Денот на државноста на Србија.

58-годишниот актер гордо го прими признанието кое му беше врачено како благодараност што ја промовира Србија во светот.

„Навистина искрено ви се заблагодарувам претседателе Вучиќ, и овој медал на заслуги, ако ја имам таа чест да си заминам со него, благодарам што сте доволно љубезни да ми го подарите“ – изјави Деп.

„Моментално сум на работ на нов живот. И би сакал тој почеток да започне тука“ – изјави холивудскиот актер.

Деп престојува во Србија по повод промоцијата на серијата „Puffins“, која е продуцирана од „Архангел студио“ на Милош Биковиќ и креирана од „Јерволино студио“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11465 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.