Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џејми Дорнан од „Fifty Shades of Grey“ го очекува третото дете со сопругата Амелија

Џејми Дорнан од „Fifty Shades of Grey“ го очекува третото дете со сопругата Амелија

Семејството на Џејми Дорнан и Амелија Варнер ќе се прошири за уште еден мал член. Славниот пар го очекува своето трето дете.

36-годишниот актер, познат како заводникот Кристијан Греј од „Fifty Shades of Grey“, и 36-годишната актерка и музичарка заедно имаат уште две мали ќеркички. Нивната поголема ќерка Долси има четири години, додека помалата има две години.

Џејми Дорнан и Амелија Варнер

Неодамна Џејми зборуваше за татковството. „Да се биде татко е прекрасно. Среќата на нашите деца е силата која нè води мене и мојата сопруга. Родителството е најдоброто нешто што ми се случило мене, и нас. Тоа е екстремно радосна ситуација и секој ден станува сè подобра и подобра. Знам дека тоа е најважната улога во мојот живот“ – изјавил Дорнан.

Џејми Дорнан и Амелија Варнер Џејми Дорнан и Амелија Варнер Џејми Дорнан и Амелија Варнер Џејми Дорнан и Амелија Варнер

Џејми отворено ја искажува љубовта кон својата сопруга и тврди дека секојдневно ѝ кажува колку ја сака. „Не постои ден кога не ѝ кажувам дека ја сакам“ – рекол тој.

Џејми Дорнан и Амелија Варнер Џејми Дорнан и Амелија Варнер

Пред неколку месеци, парот беше фотографиран на одмор во Италија. Тогаш се родија гласини дека е на пат нивното трето дете поради начинот на кој Амелија си го допираше стомачето на фотографиите.

Џејми Дорнан и Амелија Ворнер Џејми Дорнан и Амелија Ворнер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11059 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.