Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Алба со силна порака против вооруженото насилство заедно со жртви и роднини на жртви

Џесика Алба со силна порака против вооруженото насилство заедно со жртви и роднини на жртви

Џесика Алба присуствуваше на доделувањето на „Teen Choice Awards“. На манифестацијата, 35-годишната актерка им оддаде почит на лица кои ги загубиле своите животи од огнено оружје и испрати силна порака за ставање крај на вооруженото насилство.

На сцената, нејзе ѝ се придружија тинејџери кои преживеале вооружен напад, како и роднини на лица кои загинале од истрел од пиштол.

„Вечерва тука со мене е група храбри тинејџери, кои делат неверојатна врска. Тие се браќа, сестри, ќерки и членови на семејствата на последните жртви на вооружено насилство“ – вели Алба во видеото. „Денес ние стоиме заедно со овие тинејџери, обединети во нашиот повик за мир и ставање крај на ова насилство. Сега, повеќе отсекогаш, треба да застанеме, да почувствуваме и да се запрашаме што се случува“ – додава таа.

По говорот на Алба, на сцената настапи Ne-Yo со песната „What’s Going On“.

ВИДЕО:

На свеченоста, Алба носеше црна комбинација од David Koma и чантичка од M2malletier.

Џесика Алба Џесика Алба Џесика Алба Џесика Алба Џесика Алба Џесика Алба Џесика Алба Џесика Алба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11090 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.