Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џерард Батлер, Мајли Сајрус... Кои славни личности ги изгубија домовите, а кои беа евакуирани поради пoжарите во Калифорнија?

Џерард Батлер, Мајли Сајрус... Кои славни личности ги изгубија домовите, а кои беа евакуирани поради пoжарите во Калифорнија?

Викендов страшна огнена стихија беснееше низ Калифорнија и беше причина многу луѓе да ги напуштат своите домови и да заминат на безбедни локации. За жал, некои од нив не успеаја да им избегаат на пламените јазици и го загубија животот. Новите податоци покажуваат дека животот го загубија 31 лице, а 177 семејства ги изгубија своите домови.

Малибу исто така настрада во пожарот и голем број славни личности беа евакуирани од своите домови. Меѓу евакуираните се: Лејди Гага, Ким Кардашијан и нејзиното семејство, Орландо Блум, Алиса Милано, Мајкл Шин, Бирс Броснан, Дона Каран и Рејн Вилсон.

Досега е потврдено дека од славните личности домот го загубиле Џерард Батлер, Мајли Сајрус, Робин Тики и режисерот Скот Дериксон.

Нивните објави на Facebook се полни со благодарност до пожарникарите и полицајците кои ги ризикуваа своите животи борејќи се со пожарите.

Џерард Батлер

Џерард Батлер се врати на местото каде некогаш стоеше неговиот дом и сподели трогателна фотографија. „Се вратив во мојата куќа во Малибу по евакуацијата. Трогателни времиња низ Калифорнија. Инспириран сум повеќе отсекогаш од храброста, духот и пожртвуваноста на пожарникарите. Ви благодарам“ – напиша тој.

Пожари во Калифорнија

Видеа

Мајли Сајрус

„Целосно сум скршена поради пожарот кој ја засегна мојата заедница. Јас сум една од среќните. Моите животни и ЉУБОВТА НА МОЈОТ ЖИВОТ се на безбедно и тоа е сè што е важно сега. Мојата куќа повеќе ја нема, но спомените споделени со семејството и пријателите се силни. Благодарна сум за сè што ми остана. Им испраќам многу љубов и благодарност на пожарникарите и на полицајците! Ве сакам повеќе отсекогаш. Мајли“ – напиша Сајрус на Twitter.

Робин Тики

Пејачот Робин Тики беше евакуиран заедно со неговата бремена девојка и ќеркичката Миа. На социјалните мрежи тој напиша:

„Јас, Ејприл, Џулијан и Миа сакаме да им се заблагодариме на храбрите пожарникари и волонтери. Додека ние возевме за да бидеме на безбедно, тие ги ризикуваа своите животи за да го спасат нашиот дом. Ние сме безбедни опкружени со пријатели и роднини. Ви се заблагодаруваме на сите за љубовта и поддршката која ни ја дадовте и ја испраќаме нашата љубов и молитви на сите засегнати од пожарите.“

Пожари во Калифорнија

Ејприл Гири

Девојката на Тики, Ејприл, објави фотографија од местото каде беше нивниот дом и напиша: „Нашата куќа е таму некаде. Тажна сум, но и благодарна што сме безбедни. Се молиме за сите во Малибу, нашиот град е во пламен.“

Пожари во Калифорнија Пожари во Калифорнија Пожари во Калифорнија

Скот Дериксон

„Трогнат сум од огромната љубов и поддршка. Ви благодарам на сите што ми испративте порака и за оние кои ми понудивте сместување. Благословени сме и благодарни што сме безбедни и покрај нашите сакани.“

Пожари во Калифорнија

„Мој пријател возеше до мојот дом и ја направи оваа неверојатна фотографија. Ентериерот е изгорен, но еден пожарникар прави сè за другите куќи во моето соседство да не бидат зафатени од огнот. Му благодарам на Бог и на овој пожарникар, што не беа.“

Пожари во Калифорнија

Лејди Гага

Славната музичарка беше евакуирана од домот, но за среќа, не го изгуби благодарение на пожарникарите и смирувањето на силниот ветер. На Twitter, таа напиша:

„Моите мисли се со сите кои страдаат денес од овие одвратни пожари и кои жалат за загубата на нивните домови или на саканите личности. Седам тука со голем дел од вас, прашувајќи се дали мојот дом ќе биде зафатен од пламенот. Сè што можеме да направиме е да се молиме заедно и еден за друг. Бог да ве благослови.“

„Многу ви сум благодарна и ве сакам и Бог да ве благослови сите пожарникари и сите лица кои продолжувате да се борите со овој пожар. Си ги жртвувате животите за нас и се поклонувам пред вашата храброст. Вие сте нашите херои.“

Пожари во Калифорнија

Орландо Блум

„Ова е мојата улица до пред два часа. Се молам за безбедноста на целото мое семејство во Малибу и сум благодарен на нашите храбри пожарникари. Ве молам, останете безбедни“ – напиша холивудскиот актер.

Пожари во Калифорнија

Кејтлин Џенер

Пожари во Калифорнија

Кејтлин Џенер се врати во својот дом и сподели видео кое ги покажува огромните штети направени од пожарите во околината на нејзиниот дом.

Пожари во Калифорнија Пожари во Калифорнија Пожари во Калифорнија Пожари во Калифорнија Пожари во Калифорнија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.