Џенифер Лопез преку видео во живо ја проследи најновата ревија на модната куќа Balmain која се одржа во Париз.
51-годишната музичка ѕвезда изгледаше ултра атрактивно во креации токму од колекцијата пролет/лето 2021 на француската модна куќа која беше презентирана на модното шоу.
Славната пејачка и актерка на Instagram сподели фотографии од својот стајлинг.








