Списанието Allure ја покани Џенифер Лопез да го краси јубилејното издание по повод 30 години постоење.
51-годишната пејачка и актерка со кратка „пикси“ фризура и блескав накит позираше пред објективот на фотографката Даниела Миденџи.


Говорејќи за карантинот, во интервјуто за списанието таа рече: „Ми недостига да бидам креативна и да трчам со 150. Од друга страна, Алекс е со став: ‘Сакам да сум дома. Ми се допаѓа да комуницирам на Zoom. Ми се допаѓа децата што се тука и тука се цело време’. Всушност, многу е добро. Имавме време да поработиме на себе. Одевме на терапија. Мислам дека тоа ни беше многу полезно за врската.“




Поради пандемијата, Џенифер и Алекс двапати беа принудени да ја откажат свадбата. За планираната церемонија таа откри: „Планиравме нешто големо. Планиравме со месеци, со месеци, со месеци и требаше да се одржи во прекуокеанска држава. Можеби не беше вистинското време. Започнуваш да мислиш на тоа дека за сè има перфектен, божествен момент.“

