Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез магнетски привлечна за Harper’s Bazaar, зборуваше за врската со Алекс

Џенифер Лопез магнетски привлечна за Harper’s Bazaar, зборуваше за врската со Алекс

Џенифер Лопез привлекува погледи кон страниците на Harper’s Bazaar. 48-годишната ѕвезда сними фотосесија за модното списание и зборуваше за врската со Алекс Родригез.

Привлечната пејачка и актерка изјави дека не брза за по четврт пат да зачекори кон олтарот. „Верувам во брак и би сакала да остарам со некого со кого ќе бидам во посветена врска. Но, не форсирам ништо засега“ – рекла таа.

Лопез Лопез Лопез

„Врската ни е добра, здрава, добро комуницираме. Си ги разбираме животите еден со друг на начин на кој повеќето луѓе не можат. И двајцата влеговме во окото на јавноста во нашите рани 20-ти години и успеавме да се надминеме уште од самиот почеток. И тоа влијае на секоја динамика во животот, од семејството, до работата, до врските“ – изјавила Џеј Ло.

Лопез и Родригез се во врска повеќе од една година и и двајцата имаат по две деца од претходен брак.

Лопез Лопез Лопез Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11134 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.