Џенифер Лопез накратко ги стави професионалните обврски на пауза за да се релаксира со најсаканите. Славната актерка и пејачка замина на одмор со децата Макс и Еми заедно со Алекс Родригез и неговите ќерки Наташа и Ела.
Популарната двојка сподели фотографии и видеа од патувањето во Ајдахо. Во едно од видеата, Лопез танцува со Наташа на нејзината најнова песна „Dinero“.











Пред да заминат на одмор, тие присуствуваа на приредба на ќерките заедно со бившиот сопруг на Лопез, Марк Антони.