Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез атрактивна во костими за капење за фотосесија, зборуваше за љубовните врски

Џенифер Лопез атрактивна во костими за капење за фотосесија, зборуваше за љубовните врски

Џенифер Лопез е насекаде. Од корици на списанија, модни кампањи, музички спотови и концерти, телевизиски серии и шоуа, до филмови... 49-годишната пејачка и актерка не запира.

Атрактивната ѕвезда ги краси страниците на најновото издание на „Harper’s Bazaar“. За фотосесијата, таа позира во костими за капење и креации од познати брендови како Шанел, Живанши, Сен Лоран и Гучи.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Во интервјуто за списанието, Лопез зборуваше за љубовните врски и приватниот живот. „За мене, патувањето низ врските беше полно со подеми и падови. Но, тоа не беше поврзано со ништо друго, туку со мене – стануваше збор за тоа јас да се разберам себеси. Додека не научиш да се сакаш себеси, не можеш комплетно да сакаш (друга личност) на искрен и чист начин. Откако ќе го направиш тоа, можеш да имаш врски кои се базирани на љубов и почит. Постоеше еволуција која мораше да ми се случи. Чувствувам дека сега сум на подобро место“ – изјави Лопез.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

„Имам две неверојатни деца и прекрасен партнер. Немам сфатено сè во животот и не е сè совршено. Но, многу сум горда за сето она низ кое поминав во мојот личен живот. Сè уште сум оптимистка и полна со надеж“ – додала таа.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11030 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.