Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Анистон се отвори како се чувствува на 50 години и призна дека не сака седа коса

Џенифер Анистон се отвори како се чувствува на 50 години и призна дека не сака седа коса

Џенифер Анистон шармира во новото издание на InStyle. Холивудската ѕвезда позираше пред објективот на Мајкл Томпсон, а во интервјуто зборуваше за возраста, жените, како и нејзината нова серија „The Morning Show“.

За јубилејниот 50-ти роденден, таа вели: „На педесет за првпат си помислив: ‘Ах, тој број’. Не знам што е, бидејќи не се чувствувам поразлично. Физички се чувствувам неверојатно. Па, чудно е што одеднаш добивам пораки како ‘Изгледаш одлично за твојата возраст’. Сметам дека треба да установиме некакви правила за однесување околу тој разговор и начинот на изразување.“

Џенифер Анистон

Џенифер достоинствено го прифаќа зачекорувањето во шестата деценија од животот, но вели дека не би дозволила годините да се покажат во нејзината коса. „Нема да лажам – не сакам седа коса“ – отворено споделува таа.

За жените во општеството, Анистон констатира: „На жените никогаш не им беше дозволено да имаат моќ. Денес моќта ми е секси, како и интелигенцијата на жените и тоа колку способни и креативни се тие.“

Џенифер Анистон

Анистон моментално ја промовира новата серија „The Morning Show“, во која глуми заедно со Рис Витерспун и Стив Карел.

За новиот проект таа вели: „Шоуто ни овозможува да ѕирнеме зад завесата на многу работи – што сè е потребно за да се подготви утринско шоу, уникатниот начин на живот на водителите, опсесијата со славните и човечноста сред корупцијата. Плус, се осврнуваме на грдата вистина како мажите ги третирале жените во нашето општество, особено на работното место низ годините.“

„Шоуто од почетокот беше за злоупотребата на моќ и жените и сексизмот. Го продадовме во летото, а потоа есента се случи Харви Вајнстин. Со Рис си рековме... шоуто се пишува самото. Како универзумот да молеше за да биде разоткриено ова патријархално општество. Лудо е.“

Џенифер Анистон

Славната актерка раскажува и дека била мошне созреана кога беше лансирана серијата „Friends“, а се потсетува и како претходно работела и како келнерка и фризерка. „Дотогаш бев изградена возрасна личност. Бев иселена од дома, бев во шест неуспешни телевизиски шоуа. Со години бев келнерка во Њујорк пред сето тоа... Потстрижував за 10 долари во средно. Го стрижев татко ми кога беше во сапуницата Days of Our Lives. Но потоа, пред 15 години, ми призна дека одел кај фризерот од сетот да му ја досредува косата“ – изјави таа.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Кога станува збор за убавината, Анистон открива дека најмногу жали што не користела крем со заштитен фактор кога била помлада.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11166 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.