Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Тимберлејк со слатка фотографија ја потврди бременоста на Џесика Бил

Џастин Тимберлејк со слатка фотографија ја потврди бременоста на Џесика Бил

Џастин Тимберлејк и официјално потврди дека Џесика Бил е бремена со нивното прво дете. На својот 34. роденден, среќниот пејач објави слатка фотографија на која го бакнува трудничкото стомаче на Џесика.

Заедно со фотографијата, Џастин објави и порака во која им се заблагодарува на фановите за бројните роденденски честитки и го нарекува своето неродено бебе најубав подарок.

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил

Досега славниот пар молчеше на тема бременост, иако Џесика неколкупати беше фотографирана со заоблено стомаче.

Џесика Бил

32-годишната актерка и познатиот актер и музичар стапија во брак во октомври 2012 година во Италија.

Џастин и Џесика на свадбениот денЏастин и Џесика на свадбениот ден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.