Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Јелена Ѓоковиќ прослави роденден со торта направена од ќеркичката откако одекна веста дека ќе се преселат во Грција

Јелена Ѓоковиќ прослави роденден со торта направена од ќеркичката откако одекна веста дека ќе се преселат во Грција

Јелена Ѓоковиќ чекори кон петтата деценија од животот. Пред два дена, шармантната Србинка го прослави својот 39-ти роденден и уживаше во прекрасни моменти со најсаканите личности во нејзиниот живот.

Јелена објави роденденска фотографија со Новак и двете деца Стефан и Тара. На неа, таа носи маица инспирирана од серијата „Пријатели“ на која пишува: „The one where Jelena celebrates her birthday“ (Онаа кога Јелена го слави својот роденден).

Во описот, дополни и дека слатката Тара ја направи нејзината роденденска торта.

Ѓоковиќ Ѓоковиќ

Јелена и Новак оваа година ќе ја слават 11-годишнината од стапувањето во брак. Нивните деца се родија во 2014 и 2017 година.

Ѓоковиќ

Пред неколку дена одекна и веста дека семејството Ѓоковиќ ќе се пресели во Грција.

Грчката веб-страница „Glow.gr“ подготви текст за тенискиот ас, објаснувајќи ја позадината на неговата одлука да ја направи Атина свој нов дом.

„Неговата одлука не дојде туку-така. Таа е последица на неговата врска со Грција, која се зајакна со текот на годините. Со богатство проценето на над 700 милиони долари, Ѓоковиќ сака да се сврти кон мирен и исполнет живот. Неговото доаѓање во Атина не е само промена на живеалиштето, туку и почеток на создавањето нов идентитет. Татко, сопруг, ментор, инвеститор и пријател на Грција, Ѓоковиќ се чини дека го пронашол совршеното место за да се вкорени, далеку од бучните арени“ - пишува во текстот.

Заедно со неговата сопруга Јелена, Новак ја посетил Грција неколку пати, а од 2024 година, започнаа неговите официјални контакти со грчката влада со цел да добие Златна виза. Семејството Ѓоковиќ бара идеален дом за своите деца, а акцентот е ставен на мирно, безбедно соседство кое е поврзано со природата.

Ѓоковиќ Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.