Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвездите од серијата „Friends“ повторно заедно во чест на режисерот Џејмс Бароус

Ѕвездите од серијата „Friends“ повторно заедно во чест на режисерот Џејмс Бароус

Актерите од хит-серијата „Friends“ (Пријатели) повторно ќе се здружат, но за жал, не на начинот на којшто посакуваат милиони нивни фанови. Славните актери ќе учествуваат во емисија посветена на Џејмс Бароус.

Педантната Моника (Кортни Кокс), ексцентричната Фиби (Лиза Кудроу), разгалената Рејчел (Џенифер Анистон), хумористичниот Чендлер (Метју Пери), шармантниот Џои (Мет Лебланк) и сезнајкото Рос (Дејвид Швимер) следниот месец ќе му оддадат чест на популарниот режисер кој стои зад 1.000 епизоди на различни серии, меѓу кои и 15 епизоди од „Friends“.

Пријатели Пријатели Пријатели Пријатели

Шесте најпопуларни пријатели една деценија мамеа широки насмевки од малите екрани. Нивните обожаватели со години се надеваат на продолжување на нивните авантури, но досега сите гласини за обединување беа негирани.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.