Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шерил и Лиам Пејн станаа родители, погледнете ја првата фотографија од бебето

Шерил и Лиам Пејн станаа родители, погледнете ја првата фотографија од бебето

Шерил се породи. 33-годишната пејачка и 23-годишниот Лиам Пејн му посакаа добедојде на овој свет на своето синче.

Среќната вест ја објави новата мајка која на Instagram сподели фотографија од својот сакан со новороденчето.

Лиам Пејн со синчето

„Во средата 22 март, Лиам и јас станавме родители на неверојатно убаво, здраво момче, тешко 3,5 килограми, кое изгледа како сон. Иако сè уште немаме избрано име, тој веќе ги краде нашите срца. Сите ние сме лудо вљубени и пресреќни. Среќен ден на Мајките на сите мајки во светот. Ден кој отсега за мене ќе има сосем поинакво значење засекогаш“ – напиша Шерил во описот.

Пејн ја сподели истата фотографија на својот профил на популарната социјална мрежа и напиша: „Ова е момент кој никогаш нема да го заборавам и мој омилен спомен кој го имам досега. Одушевен сум од оваа неверојатна мајка и од начинот на кој се справи со сè. Таа навистина ги оствари сите мои соништа.“

Шерил и ѕвездата од One Direction се запознаа за време на снимањето на „The X-Factor“ во 2010 година, кога Лиам се натпреваруваше во шоуто за таленти.

Шерил и Лиам Пејн Шерил и Лиам Пејн

Тие за првпат се појавија во јавност како пар во мај минатата година, додека Шерил се разведуваше од Жан-Бернард Фернандез-Версини. Нивниот развод беше финализиран во ноември минатата година.

Парот долго време ја криеше бременоста. Шерил за првпат беше фотографирана со трудничкото стомаче во ноември минатата година, а во февруари оваа година таа официјално потврди дека е бремена, кога сними фотосесија во која си го прегрнува стомачето.

Шерил Шерил и Лиам Шерил Шерил Шерил и Лиам Пејн Шерил и Лиам Пејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11103 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.