Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шерил и Ешли Кол официјално се разведоа

Шерил и Ешли Кол официјално се разведоа

По четири години брак, Шерил и Ешли Кол официјално се разведоа. Славната поп пејачка и англискиот фудбалер се разделија уште во февруари, кога Ешли беше јавно обвинет дека ја изневерува својата сопруга.

Шерил и Ешли КолШерил и Ешли Кол

Ешли и Шерил се запознаа во 2004г., кога и двајцата поседуваа станови во иста зграда и набрзо започнаа врска. Во 2005г. 29-годишниот фудбалер ја побара раката на Шерил во Дубаи, а наредната година официјално си го кажаа судбоносното „да“.

Уште во почетокот на 2008г. Ешли за прв пат беше обвинет за изневера. Неколку жени јавно признаа дека Ешли со нив ја изневерувал прекрасната Шерил. Медиумите објавија вест дека тој ѝ испратил преку мобилен свои голи фотографии на манекенка. Во своја одбрана Ешли изјавуваше дека фотографиите биле испратени откако тој му го дал телефонот на пријател и заборавил да ги избрише сликите.

Неколку дена подоцна, уште една жена призна дека добивала провокативни пораки од Ешли, а сосема трета даде изјава дека спиела со познатиот фудбалер.

По нивната разделба се појавија гласини дека Шерил е во врска со Дерек Хаф, но до ден денес тие јавно не се имаат појавено како пар. Од друга страна, Ешли отворено се забавува со повеќе различни жени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10371 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.