Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шарлиз Терон во фустан од Диор на премиера на „Tully“ откако зборуваше за здебелувањето за филмот

Шарлиз Терон во фустан од Диор на премиера на „Tully“ откако зборуваше за здебелувањето за филмот

Шарлиз Терон грациозно се движеше по црниот тепих на премиерата на нејзиниот нов филм „Tully“ и со шармантна насмевка ги привлекуваше објективите на фоторепортерите.

На свеченоста која се одржа во Лос Анџелес, 42-годишната актерка носеше црна креација со две колоритни пеперутки од Диор.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон Шарлиз Терон Шарлиз Терон Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Во неодамнешно интервју, Шарлиз зборуваше за покачувањето на тежината за филмот. Имено, таа се здебелила над 22 килограми за улогата, што довело до депресија.

„Беше големо изненадување за мене. Депресијата ме удри мошне силно. За првпат во мојот живот јадев толку многу процесирана храна и пиев премногу шеќер. Не бев многу забавна на снимањето на овој филм... Се сеќавам дека морав да поставувам аларм за да се будам сред ноќ за да ја одржувам тежината. Станував и јадев. Тешко е да се одржува таква тежина“ - изјави таа.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Славната актерка сподели и дека враќањето во форма ѝ било кошмарно искуство и дека траело околу година и половина.

„Без загрижена зашто за Monster не јадев грицки пет дена и веднаш се вратив во форма. Знаете, телото на 27 години е малку поинакво од телото на 43 и мојот доктор се погрижи да го сфатам тоа. Ми рече дека имам 42 години и да се смирам, дека не умирам, дека сè е во ред“ - раскажа таа.

Шарлиз Терон Шарлиз Терон

Трејлер за „Tully“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.