Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шаде со нов албум во 2010

Шаде со нов албум во 2010

Омотот за новиот албум на Шаде

Големите обожаватели на Шаде може да започнат да ги одбројуваат деновите до издавањето на новиот албум. Од Epic Records најавија дека новиот албум на групата, предводена од 50-годишната пејачка Шаде, ќе се појави на 8 февруари 2010г.

Новиот албум „Soldier of Love“ е првиот официјален албум на Шаде од издавањето на „Lovers Rock“ во 2000г.

Ова е шестиот албум на групата, која е формирана во 1982г. и досега има продадено 50 милиони албуми низ целиот свет. Песните „Smooth Operator“, „Love Is Stronger Then Pride“ и „No Ordinary love“ се само дел од многуте хитови на Шаде, кои ги обележаа 80-те и 90-те години.

Само за да се потсетите на прекрасните песни, кои допираат до дното на душата на милиони обожаватели, подолу можете да го видите спотот на незаборавната песна „Smooth Operator“.

„Smooth Operator“ - видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.