Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“, почина на 91 година

Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“, почина на 91 година

Хју Хефнер почина. Основачот на „Плејбој“ издиша за последен пат на 91-годишна возраст во својата вила во Лос Анџелес.

Во соопштението се наведува дека тој починал од природна смрт.

Хју Хефнер

Неговиот син Купер му оддаде почит и изјави: „Татко ми живееше исклучителен и влијателен живот како медиумски и културен пионер и водечки глас зад некои од најзначајните социјални и културни движења на нашето време, со тоа што го застапуваше слободниот говор, човековите права и сексуалната слобода.“

„Животот е премногу краток за да живееш туѓ сон“ – Хју Хефнер.

Популарното списание тој го основа во 1953 година и го претвори во мултимилионски бизнис.

Хју Хефнер Хју Хефнер Хју Хефнер Хју Хефнер

Хефнер има четири деца, а зад себе остави три бракови.

Во 2012 година, Хју се венча со Кристал Харис. Тој тогаш имаше 86 години, а таа 26, па нивната свадба привлече големо внимание.

Хју и Кристал

Во 2009 година тој се разведе од неговата втора сопруга Кимберли Конрад, со која беа разделени од 1998 година. Разводот беше финализиран во март 2010 година. Претходно, познатиот плејбој беше во брак со Милдред Вилијамс. Тој брак заврши уште во далечната 1959.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11602 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.