Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хрватот Лука Модриќ со сопругата и двете деца ја прими наградата Најдобар фудбалер од ФИФА

Хрватот Лука Модриќ со сопругата и двете деца ја прими наградата Најдобар фудбалер од ФИФА

Синоќа ФИФА им ги додели наградите на најдобрите во светот на фудбалот. Хрватот Лука Модриќ ги победи своите конкуренти Мохамед Салах и Кристијано Роналдо и ја присвои посакуваната награда Најдобар фудбалер.

На свечената манифестација, 33-годишниот фудбалер пристигна со сопругата Вања Босниќ и двете деца Ивано и Ема.

Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ

Во својот говор, славниот хрватски фудбалер им се заблагодари на своите соиграчи, тренери и фанови, без да го изостави и семејството. „Овој трофеј исто така е за моето семејство без кое немаше да бидам играчот и личноста што сум денес. Тие се за мене најдобрите“ – рече тој.

Видео

Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ

За време на Светското првенство во фудбал, кое оваа година се одржа во Русија, Модриќ беше награден со Златна топка. Иако хрватската репрезентација беше поразена во финалето, тој заслужено беше прогласен за Најдобар играч на Мундијалот.

По завршувањето на СП, во објава на Instagram, тој му се заблагодари на семејството за поддршката. „Благословен сум што имам вакво семејство! Тие ме туркаат напред секој ден!“ – напиша тој.

Лука и Вања стапија во брак во мај 2010 година по 4-годишна врска. Нивниот син Ивано се роди во јуни истата година, а Ема се роди во 2013 години. Парот заедно има уште една ќерка, која за неколку дена ќе наполни една година. Вања и децата се верни поддржувачи на Модриќ не само во животот, туку и на теренот.

Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ Лука Модриќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.