Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Холивудски џентлмен: Џорџ Клуни изненади 87-годишна обожавателка за нејзиниот роденден

Холивудски џентлмен: Џорџ Клуни изненади 87-годишна обожавателка за нејзиниот роденден

Џорџ Клуни изненади своја верна обожавателка за нејзиниот 87. роденден. 55-годишниот актер отиде во домот за стари лица во кој престојува бабичката Пет Адамс за да ѝ го оствари големиот сон да се запознаат.

Холивудскиот џентлмен ѝ подари на Пет букет цвеќе и картичка со посвета. „Тоа беше класичен гест од прекрасен човек“ – коментираа од домот за стари лица во Беркшир, Англија.

Џорџ Клуни изненади обожавателка

„Адамс го обожава Џорџ Клуни и секој ден споменува дека би сакала да го запознае“ – изјавила Линда Џонс која работи во домот. Затоа, Линда и нејзините колеги испратиле неколку писма до Клуни, замолувајќи го да ѝ ја исполни желбата на својата обожавателка. Славниот актер со задоволство ја прифатил поканата.

Џорџ Клуни изненади обожавателка

„Среќни сме што желбата на Пет се оствари. Таа е многу возбудена што ја запозна својата икона и беше одлично изненадување од Џорџ што ѝ подари цвеќиња и картичка“ – велат вработените.

Џорџ Клуни изненади обожавателка Џорџ Клуни изненади обожавателка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.