Хајди Клум беше дел од гостинките на забавата на „Disney“ организирана по повод доделувањето на престижните Еми награди.
49-годишниот модел изгледаше атрактивно во креација со реси и омбре ефект од Долче и Габана, која ја надополни со накит од Лорејн Шварц. На настанот во Лос Анџелес, популарната манекенка беше придружувана од 33-годишниот сопруг Том Каулиц.





Хајди и Том ја одведоа врската пред јавноста во мај 2018 година, а во декември истата година ја објавија свршувачката. Тие стапија во брак во февруари 2019 година.




