Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хакнат Twitter профилот на сопругата на починатиот пејач на Linkin Park, објавени одвратни пораки

Хакнат Twitter профилот на сопругата на починатиот пејач на Linkin Park, објавени одвратни пораки

Само неколку часа откако светот го обиколи тажната вест за смртта на Честер Бенингтон, на Twitter профилот на неговата сопруга се појавија вознемирувачки пораки.

Хакерот објави одвратни лаги напишани во името на Талинда, меѓу кои дека го изневерувала Честер и дека го охрабрила да си го одземе животот.

Честер и Талинда Бенингтон

„Го охрабрив да се самоубие и му реков дека на никого нема да му биде гајле.“

„Претпоставувам дека сега е време да го кажам ова, го изневерував Честер со Мајк Шинода.“

„Никогаш не го сакав и не сум хакирана. Само бев вљубена во парите.“

„Сите продолжуваме брзо, мило ми е што се самоуби.“

Честер и Талинда Бенингтон Честер и Талинда Бенингтон Честер и Талинда Бенингтон

Пораките набрзо беа избришани од нејзиниот профил, а многумина ѝ дадоа поддршка и ја осудија бездушната постапка на оној што ги објавил.

Честер и Талинда стапија во брак во 2006 година. Заедно имаат три деца.

Честер и Талинда Бенингтон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11144 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.