Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Фотографиите не лажат: Џиџи Хадид и Зејн Малик со бакнеж објавија дека повторно се заедно

Фотографиите не лажат: Џиџи Хадид и Зејн Малик со бакнеж објавија дека повторно се заедно

Само месец и половина откако објавија дека се разделуваат по двегодишна врска, Џиџи Хадид и Зејн Малик со бакнеж во јавност потврдија дека ги надминаа несогласувањата и дека повторно се заедно.

23-годишниот модел и 25-годишниот пејач беа „уловени“ на прошетка низ Њујорк.

Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик

Многуте коментари од нивните фанови се поттикнати не само од обновувањето на врската, туку и од новата тетоважа на ќелавата глава на Малик.

Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик Џиџи Хадид и Зејн Малик

Џиџи и Зејн минатиот месец со официјални соопштенија споделија дека раскинале.

„Соопштенијата за раскинување често изгледаат како да се 'роботски', бидејќи навистина не постои начин да се опише што две лица искусиле заедно во текот на неколку години... не само во врската, туку и во животот воопшто. Засекогаш ќе бидам благодарна за љубовта, времето и животните лекции кои ги делевме со Зејн. Не сакам ништо друго само најдоброто за него и ќе продолжам да го поддржувам како пријател за кого имам огромна почит и љубов“ – стоеше во објавата на Хадид на Twitter.

„Џиџи и јас имавме неверојано значајна, грижлива и забавна врска и јас имам голема почит и обожавање кон неа. Таа има неверојатна душа. Благодарен им сум на сите наши фанови што ја почитуваа оваа наша одлука и нашата приватност во овој период. Посакуваме оваа вест прво од нас да стигнеше до вас. Ве сакаме сите“ – напиша тогаш Малик.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12026 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.