Откако станаа родители, Џорџ и Амал Клуни се обидуваат да го зачуваат приватниот живот подалеку од будното око на јавноста. Но, понекогаш упорните папараци не им го дозволуваат тоа.
56-годишниот актер и 39-годишната адвокатка беа „уловени“ со малите близначиња Ела и Александар кога слетаа во Лос Анџелес.
Како вистински џентлмен и грижлив татко, холивудскиот шармер ги пренесуваше бебињата во нивните транспортери од авионот до автомобилот.





На аеродромот, четиричленото семејство беше пречекано од Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер.





Џорџ и Амал се во брак од септември 2014 година. Ела и Александар се родија во јуни оваа година.

