Џорџ Клуни присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „Hail, Caesar!“, а неговата сопруга Амал не ја пропушти можноста да му даде поддршка и да го придружува на црвениот тепих во Лос Анџелес.
37-годишната адвокатка ги разголи своите нозе во кратко фустанче со А-линија. Црвено-белата креација доаѓа од колекцијата висока мода пролет 2015 на Џамбатиста Вали.
На прикажувањето на новиот филм се појавија и Ченинг и Џена-Деван Тејтум.