Синоќа во Торонто пристигнаа голем број музички ѕвезди за да присуствуваат на 26-тото по ред издание на iHeartRadio Much Music Video Awards. На манифестацијата беа наградени најдобрите канадски музичари за годината која измина. Дрејк беше големиот победник на вечерта и во негови раце завршија вкупно 5 награди.
Популарното шоу го водеше привлечната Џиџи Хадид, која промени шест аутфити.
21-годишната манекенка пристигна на свеченоста во впечатлив црвен костум од Thierry Mugler, дијамантски обетки од Норман Силвермен и прстени од Lynn Ban. За својот прв стајлинг, Џиџи доби многу комплименти.
На сцената, Џиџи најпрво се појави во сребрена комбинација со краток горен дел од Uel Camilo и чизми од Маноло Бланик.
Подоцна, Хадид се пресоблече во бел аутфит со впечатливо палто од Elisabetta Franchi.
За своето трето излегување на сцената, славната манекенка избра ментол комбинација од палто, здолниште и кратка маичка од колекцијата Amalgam of Ariadne на August Getty, по што се пресоблече во црн краток комбинезон.
Својот моден маратон Хадид го заврши со светкав сребрен фустан.