Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џенифер Лопез го разубавува новото издание на „W“

ФОТО: Џенифер Лопез го разубавува новото издание на „W“

Џенифер Лопез е ѕвездата од новото издание на „W“. 46-годишната пејачка и актерка го разубавува мајското издание на познатото списание.

Згодната музичарка позираше во креации од врвни модни куќи како Џамбатиста Вали, Шанел, Мајкл Корс и Фенди.

Едиторијалот бил снимен под палката на талентираното фотографско дуо Инез и Винуд.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Во интервјуто за списанието, Лопез признала дека ѝ било многу тешко да остане во пријателски односи со Марк Антони по разводот и дека многу се трудела да одржува добри контакти поради нивните две деца – близначињата Ема и Макс.

„Кога станува збор за работа, никогаш не се уморувам. Но, со личните неуспеси си помислувам: Ова е толку тешко“ – признала таа. „Кога мојот брак заврши, не беше лесно да најдам прошка. Тоа не беше сонот за кој се надевав и беше полесно да се разгори огнот на незадоволството, разочарувањето и гневот. Но, Марк е таткото на моите деца и тоа никогаш нема да се промени. Па, затоа треба да се потрудам да биде сè во ред. И тоа е досега најтешката работа којашто сум ја направила“ – додала Лопез.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.