Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ќерката на Боно од U2 по долна облека за машкото списание „GQ“

ФОТО: Ќерката на Боно од U2 по долна облека за машкото списание „GQ“

Ив Хјусон, ќерката на популарниот пејач Боно Вокс, се разголи за машкото списание „GQ“.

За октомвриското издание на списанието, 24-годишната актерка заводливо позираше во креации на Agent Provocateur, костим за капење од Missoni, накит од Дејвид Јурман и обувки од Марк Џејкобс.

Во интервјуто за списанието, Ив рекла дека славата многу ја плаши и дека не е подготвена да живее како својот татко.

Ив Хјусон

Привлечната Ирка ја започна својата актерска кариера во 2005 година и покрај негодувањето на родителите, но првата поголема улога ја доби во 2011 година во филмот „This Must Be the Place“. Таа ќе се појави и во новиот филм на Стивен Спилберг, во кој ќе глуми ќерка на Том Хенкс.

Ив Хјусон Ив Хјусон

Хјусон беше лицето од насловната корица на јулското издание на списанието „Town & Country“, посветено на „50 млади жени кои оставаат отпечаток на светот“.

Ив Хјусон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.