Џенифер Лопез и Алекс Родригез направија голем чекор во нивната врска. Славниот пар го купи првиот заеднички имот.
48-годишната пејачка и 42-годишниот поранешен спортист со своите деца ќе уживаат во луксузен апартман во Њујорк со поглед на Централ Парк.
Станот се протега на површина од 371 m2, а заљубениот пар го купи за 15,3 милиони долари.
Зградата во која се наоѓа новиот дом на Џеј Ло и Родригез несомнено ќе ги задоволи нивните секојдневни потреби, бидејќи има фитнес сала, внатрешен базен, бизнис сала за состаноци и кино.
Лопез и Родригез се во врска повеќе од една година и и двајцата имаат по две деца од претходен брак.