Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ѕвездите од „Fifty Shades of Grey“ за „Glamour“

ФОТО: Ѕвездите од „Fifty Shades of Grey“ за „Glamour“

Додека милиони обожавателки на еротската трилогија на Е. Л. Џејмс со нетрпение ја очекуваат филмската верзија на „Fifty Shades of Grey“, Џејми Дорнан и Дакота Џонсон активно го промовираат долгонајавуваниот филм. Актерското дуо го доби главниот едиторијал во мартовското издание на списанието „Glamour“.

На фотографиите зад кои стои Стивен Пан, парот се прегрнува и позира самоуверено во креации на модни куќи како Мајкл Корс, Сен Лоран, Александар Ванг, Дона Каран и Диор.

Џејми Дорнан и Дакота Џонсон Џејми Дорнан и Дакота Џонсон

32-годишниот актер, кој непосредно пред снимањето на филмот стана татко на девојче, споделил дека трансформирањето во Кристијан не му било особено лесно. „Шест недели пред снимањето ми се роди ќерка. Тоа беше луд период. Една врнежлива вечер ги бакнав сопругата и бебето за добра ноќ и заминав да гледам сесија на доминантна и потчинета личност во секс зандана“ – признал тој.

За физичката подготовка, Џејми споделил: „Морав многу да вежбам за да влезам во добра форма, бидејќи Кристијан е лик кој е преокупиран со тоа. Но, не вежбав по 6 часа дневно. Не сакаш да ѝ речеш на својата бремена жена: Ќе бидам во фитнес сала 6 часа, прати ми порака ако се пораѓаш.“

Џејми Дорнан и Дакота Џонсон Џејми Дорнан и Дакота Џонсон

Џејми изјавил и дека понекогаш се чувствувал многу непријатно за време на еротските сцени со Дакота. „Во неколку наврати Дакота не носеше многу облека врз себе, а јас требаше да ѝ правам одредени работи кои никогаш не би ѝ ги направил на жена“ – рекол тој.

Џејми Дорнан и Дакота Џонсон

Дакота, која ја доби улогата на Анастасија Стил, вели дека во вистинскиот живот не би имала трпение за личност како Кристијан. „Кристијан ги привлекува жените затоа што е многу елегантен, амбициозен, паметен и силен. Сепак, не знам дали јас би имала за него трпение какво што има Ана“ – изјавила таа.

Џејми Дорнан и Дакота Џонсон

Исто како и Џејми, и Дакота ја зголемила својата физичка активност пред снимањето. „Со Џејми имавме ист тренер. За мене беше важно телото на Ана да изгледа како тело на активна студентка. Освен тоа, требаше да бидам гола, па сакав да изгледам убаво. Многу вежбав и се депилирав повеќе отколку што треба да се депилира една жена“ – открила таа.

„Fifty Shades of Grey“ ќе започне да се прикажува во кината на 13 февруари.

Прошетајте низ станот на Кристијан Греј:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.