Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шпанката Миреја Лалагуна Ројо победи на „Мис на светот 2015“

ФОТО: Шпанката Миреја Лалагуна Ројо победи на „Мис на светот 2015“

Миреја Лалагуна Ројо синоќа ја освои титулата „Мис на светот“. Мисицата од Шпанија со огромна насмевка ја прими круната од минатогодишната победничка Ролин Страус.

Мис на светот Мис на светот Мис на светот

На изборот кој се одржа во Саниа на островот Хајнан во Кина, 23-годишната девојка од Барселона блесна во гламурозен син фустан. Таа е првата претставничка на Шпанија која е прогласена за Мис на светот.

„Без љубовта која ја добив од сите луѓе кои ги сретнав и од сите луѓе од целиот свет кои ми посакуваа сè најдобро и ме поддржуваа дома, никогаш немаше да стигнам дотука. Сакам да му покажам на светот дека ја заслужувам титулата Мис на светот и се надевам дека сите ќе се гордеат со мене“ – рекла среќната победничка.

Мис на светот Мис на светот Мис на светот Мис на светот

Русинката Софија Никитчук стана прва придружничка, додека Марија Харфанти од Индонезија беше прогласена за втора придружничка.

Мис на светот Мис на светот Мис на светот Мис на светот Мис на светот

Во Топ 5 влегоа и Мис Либан и Мис Јамајка.

Мис на светот Мис на светот Мис на светот Мис на светот Мис на светот Мис на светот

Видео: Прогласувањето на победничката

Емилија Розман ја претставуваше Македонија на престижниот натпревар за убавина.

Мис на светот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11517 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.