Шакира со децата беше фотографирана од папараците на аеродром во Барселона непосредно по објавувањето на веста за разделбата со Пике.
45-годишната пејачка ги држеше за раце синовите Саша и Милан додека се враќаа од Чешка, каде тие имаа бејзбол натпревар.








Атрактивната Колумбијка беше фотографирана и додека навиваше на спортскиот настан.









И 35-годишниот фудбалер бил присутен на натпреварот, но тој се врати во Шпанија одделно од нив.



Шакира и Пике беа заедно од 2011 година.
