Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Трансформациите во изгледот на Рената Кралевска

ФОТО: Трансформациите во изгледот на Рената Кралевска

Рената Кралевска неспорно обожава да експериментира со својот изглед, а нејзината стилска игра најчесто ја вклучува косата.

24-годишната девојка, која преку своите трансформации го покажува стремежот да се издвои од толпата, започнала да ја менува бојата на својата коса на 15-годишна возраст. Оттогаш македонската пејачка била бринета, црвенокоса и русокоса, а извесен период имала и розова фризура.

РенатаРената на 6-годишна возраст
Рената2005 година Рената2007 година
Ренатајуни 2012 Ренатаоктомври 2012 Ренатасептември 2013
Ренатафевруари 2014 Ренатасептември 2014
Ренатаоктомври 2014 Ренатаоктомври 2014

Видеозаписот за „Trust Your Feelings“ на Рената е објавен на VEVO. Песната е промовирана на RadioExpress во Лос Анџелес со дистрибуција до повеќе од 7.000 радија во светот. Ова е веќе петти сингл на Кралевска, која под името Rennata го освојува светскиот музички пазар.

Текстот на новата песна е на Рената, а композитор и продуцент на песната е Зоран Алексиќ, додека режијата е на Илија Тодоровски. Стајлингот на спотот е дело на Даниел Николовски и Ивана Кнез.

Рената е првата во регионот која доби VEVO канал, што значи вистински престиж во музичкиот свет како платформа што ја користат големи светски музички имиња. Првиот сингл што се појави на овој канал беше „Because I Love You“, а подоцна следеше официјалното видео за „Please Stay“. Нејзината продуцентска куќа Sky Eye Entertainment има договор со iTunes, Amazon, Spotify, Shazam и останатите музички платформи каде што сите досегашни синглови на Рената вклучувајќи го и последниот се достапни на публиката ширум светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11115 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.