Натали Германота украде дел од вниманието коешто редовно го добива нејзината сестра Лејди Гага со фотосесија за дигиталното списание „Viral Fashion“.



20-годишната бринета позираше во дизајнерска облека во њујоршкиот ресторан „Joanne Trattoria“, кој е во сопственост на нејзините родители.



Кога не е зафатена со студиите по мода и дизајн, Натали работи во ресторанот заедно со останатиот персонал кој го смета за свое семејство. „Правам од сè по малку. Го обожавам моето семејство“ – изјавила таа.
Фотографиите се направени од Марвин Џозеф.
