Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Сандра Булок модерна дама за „Glamour“

ФОТО: Сандра Булок модерна дама за „Glamour“

„Таа има освоено Оскар, стои на листата на најплатени актерки седум пати по ред, а овој месец глуми во Our Brand Is Crisis, влегувајќи во улога која оригинално беше напишана за маж“ – со овие зборови списанието „Glamour“ ја најавува Сандра Булок, како главно лице од новото издание.

Младоликата 51-годишна актерка позираше во креации од Валентино, Нарциско Родригез, Селин и Диор пред објективот на Мет Ирвин.

сандра Булок сандра Булок

Во интервјуто со актерката Зои Казан, Булок се отворила за лудориите додека студирала и за зачувувањето на приватноста.

„Па, имам направено мошне глупави нешта додека бев на колеџ. Фактот што не завршив во затвор е чудо. Чудо! Благодарна сум за тоа. Но, знаете, не се чувствував како возрасна сè до пред околу пет години. Си реков:Знам која сум. Не целосно, но пред две години сите парчиња од сложувалката се споија. Реков: Оваа личност ја сакам. Ова сум јас“ – признала таа.

сандра Булок

Што се однесува до шпекулациите во таблоидите, таа вели: „Кога влегов во овој свет, сè уште бев гласна. Таблоидите правеа нарушувања. Јас велев: Како е можно луѓето да го пишуваат ова? Година и половина или две, вознемирена велев: Не можете да ги кажувате овие лаги. Со години водев битки во кои не можеш да победиш. Колку и да милувам да кажувам дека можам да се исклучам од сè, има моменти кога не можам, како кога повредуваат луѓе за кои се грижам. За мене, разбирам. Но, кога се однесува на други луѓе? Ако се работи за син ми, станувам насилна.“

сандра Булок

На прашењето дали сè уште ја чува униформата од деновите кога беше мажоретка, таа одговори: „Засрамувачки, да. Може да се најде некоја секси ноќ. Не знам за кого ја чувам. Сакам да бидам закопана во неа.“

Булок неколку месеци е во врска со фотографот Брајан Рендал.

сандра Булок

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10284 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.