Роузи Хантингтон-Вајтли присуствуваше на моден самит во Лос Анџелес.
За настанот „Business Of Fashion Summit“, 31-годишниот модел изгледаше шик и модерно во необичен бел костум од уругвајската дизајнерка Габриела Херст.
Пред да се упати на модниот самит, Роузи беше фотографирана од папараците облечена во црни кратки панталони и црно сако.
Претходниот ден, поранешниот ангел на Victoria’s Secret присуствуваше на галата на Baby2Baby, организација која цели да им обезбеди на сиромашните семејства производи за хигиена и облека за деца до 12-годишна возраст. Роузи објави две фотографии на кои позира со синчето, кое за неколку дена ќе наполни една година.