Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт повторно заедно

ФОТО: Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт повторно заедно

Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт вчера беа фотографирани за првпат по нивната разделба во јули. 26-годишниот актер и неговата 22-годишна колешка од „Twilight“ биле видени заедно во бар во Лос Анџелес.

Кристен и Роберт

Популарниот пар бил заедно со десетина пријатели и меѓу нив немало никаква тензија додека уживале во пијалаците и се шегувале.

Роберт и Кристен се разделија откако таа призна дека го изневерила со женетиот режисер на филмот „Snow White and the Huntsman“, Руперт Сандерс.

Пред неколку недели се појавија гласини дека Роберт ѝ простил на Кристен е дека повторно се заедно. Но, многумина веруваат дека обновената врска на Роберт и Кристен е само PR стратегија, пред почнувањето на промотивните активности за „The Twilight Saga: Breaking Dawn – Part 2“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.