Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ријана со ноншалантен стил на промоцијата на својот прв машки парфем

ФОТО: Ријана со ноншалантен стил на промоцијата на својот прв машки парфем

Ријана го лансираше својот прв машки парфем „Rogue“. На промотивниот настан во Атланта, Џорџија, музичката ѕвезда шармираше со ноншалантна елеганција.

Ријана

Пред фоторепортерите Ријана љубезно се смешкаше и позираше облечена во креација на Адам Селман. Кратката маичка беше декорирана со бели бисери кои го привлекуваа погледот кон нејзиниот тониран стомак. Ријана внесе безгрижност во својот изглед со наметка која наликуваше на луксузна свилена пижама. Црната креација таа ја надополни со минималистички сандали од Маноло Бланик.

Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

„Ги сакам парфемите затоа што ги привлекуваат луѓето и создаваат спомени“ – рекла Ријана и дополнила дека ја тестирала новата арома на сите свои машки пријатели.

Стотици фанови имаа можност лично да поразговараат и да се фотографираат со Ријана, при што најмногу се израдуваа најмладите.

Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

Во моментов 26-годишната пејачка е максимално посветена на снимањето на својот осми албум.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10363 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.