Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ријана се разголи, отпатува во Куба и зборуваше за Крис Браун за „Vanity Fair“

ФОТО: Ријана се разголи, отпатува во Куба и зборуваше за Крис Браун за „Vanity Fair“

Ријана ги краси страниците на „Vanity Fair“. 27-годишната пејачка отпатува во Куба за да сними фотосесија за ноемвриското издание на списанието и се отвори за нејзината врска со Крис Браун.

Музичката ѕвезда од Барбадос позираше пред објективот на реномираната фотографка Ени Либовиц.

Ријана Ријана

Во интервјуто за списанието таа изјавила дека Крис Браун ѝ бил последно вистинско момче и зборувала за бруталниот напад од Крис во 2009 година. „Не го мразам. Ќе се грижам за него до крајот на животот. Не сме пријатели, но не сме ни непријатели. Немаме некаква врска сега“ – рекла таа и додала дека фотографиите од нејзиното модро лице биле објавени од жена која смета дека „еден чек е поважен од моралот“.

Ријана Ријана

На прашањето дали е осамена, таа одговорила: „Имам многу работа која ми го одвлекува вниманието. Немам време за да бидам осамена. Се плашам од врски, бидејќи се чувствувам виновна што сакам некој да ми биде целосно верен и лојален, кога јас не можам да му дадам ни 10 проценти од вниманието кое му е потребно. Тоа е едноставно реалноста на моето време, мојот живот, мојот распоред.“

Ријана рекла дека ја вознемируваат гласините кои постојано кружат за нејзиниот приватен живот. „Луѓето имаат слика дека сум дива и луда, но јас не сум сè што тие мислат за мене. Тоа дури и ме одвлекува од помислата да се состанувам“ – изјавила таа.

Ријана Ријана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.