Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Рики Мартин ги покажа своите слатки близначиња

ФОТО: Рики Мартин ги покажа своите слатки близначиња

Рики Мартин и неговите преслатки близначиња Матео и Валентино се лицата кои се насмевнуваат од насловната страна на шпанското издание на списанието „Vanity Fair“. Во фотосесијата им се придружи и љубовниот партнер на Рики, Карлос.

Всушност, ова е првпат 40-годишниот пејач да дозволи да биде фотографиран со близначињата и Карлос како едно семејство.

Рики Мартин и близначињатаРики Мартин и близначињата

Во август 2008 година Рики Мартин стана татко на близначиња, но тој одбива да ја нарече жената којашто ги роди неговите деца сурогат. „Видов фотографија од неа и реков: Која е оваа жена, ангелска, толку искрена?... Јас не изнајмив матка. Тој израз се користи од фундаменталистите. Јас позајмив матка. Не платив за неа... Би го дал својот живот за жената која ми помогна да ги донесам на свет моите деца“ – изјавил тој.

Карлос, Рики и близначињатаКарлос, Рики и близначињата

Пред две години Рики Мартин за првпат призна дека е хомосексуалец, но во интервјуто за „Vanity Fair“ тој откри дека во животот немал врски само со мажи. „Имам спиено со жени, се имам заљубувано во нив и имам доживеано прекрасни емоции. Имаше љубов, страст. Не се каам за ништо, секоја врска која сум ја преживеал ме научила на многу нешта“ – изјавил тој и додал дека ниту една жена не познала дека тој е хомосексуалец.

Рики Мартин и близначињатаРики Мартин и близначињата

Рики Мартин е во врска со Карлос четири години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.