Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: „The Best Thing About Me Is You“ – нов спот на Рики Мартин

ВИДЕО: „The Best Thing About Me Is You“ – нов спот на Рики Мартин

Рики Мартин го промовираше новиот спот за песната „The Best Thing About Me Is You“.

Видеото започнува со силни зборови како „љубов“, „еднаквост“, „неправда“, „невиност“, „злоба“, а потоа се прикажуваат луѓе од различни раси и со различна сексуална ориентација. Почетокот на видеото е малку повеќе драматичен за веселата песна што следува и многу потсетува на неговото промотивното видео „My Skin Talks“ кое беше метафора за будењето и отворањето на Рики Мартин пред светот.

„The Best Thing About Me Is You“ е дел од новиот албум на Рики, насловен како „Music+Soul+Sex“, а којшто треба да биде пуштен во продажба на 1 февруари. Песната е дует на 39-годишниот пејач со Џос Стоун.

Освен англиската верзија, овој сингл е снимен и на шпански, со наслов „Lo Mejor De Mi Vida Eres Tu“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.