Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најубавиот новогодишен подарок: Рики Мартин со фотографија сподели дека со сопругот добија ќеркичка

Најубавиот новогодишен подарок: Рики Мартин со фотографија сподели дека со сопругот добија ќеркичка

Рики Мартин се израдува на најубавиот новогодишен подарок. 47-годишниот пејач и неговиот сопруг Џуан Јосеф добија ќеркичка.

Убавата вест ја споделија среќните родители на Instagram. „Пресреќни сме што објавуваме дека станавме родители на прекрасно и здраво девојче, Луција Мартин-Јосеф. Ова е специјален момент за нас и едвај чекаме да видиме каде ќе нè одведе ова ѕвездено бебенце. Двајцата нејзини прекрасни браќа и јас и Џуан се заљубивме во Луција“ – стои во описот на фотографијата од бебенцето кое ги држи за прсти своите татковци.

Рики и Џуан открија дека се верија во ноември 2016 година, а тајно стапија во брак пред една година.

Рики Мартин

Популарниот латино пејач има и 10-годишни близначиња, Матео и Валентино.

Рики Мартин Рики Мартин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10606 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.