Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: „Пријатели“ повторно заедно, но без шегаџијата Чендлер

ФОТО: „Пријатели“ повторно заедно, но без шегаџијата Чендлер

Серијата „Friends“ десет години мамеше насмевки од малите екрани, а актерите кои се заслужни за големиот успех на популарното шоу се обединија повторно во чест на режисерот Џејмс Бароус.

Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Кортни Кокс присуствуваа на настан организиран од NBC. Метју Пери е единствената ѕвезда од хит-серијата која не успеа да се појави на вечерата.

46-годишниот актер, кој влезе во улогата на шегаџијата Чендлер, моментално престојува во Велика Британија, каде се подготвува за својата театарска претстава „The End of Longing“.

На фотографијата која фановите на Анистон ја споделија на Facebook, „верните пријатели“ се придружени од екипата на серијата „The Big Bang Theory“.

Пријатели Пријатели Пријатели Пријатели Пријатели

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.