Само шест дена по породувањето, Пипа Мидлтон излезе на прошетка со новороденото синче и сопругот Џејмс Метјус.
35-годишната сестра на војвотката Кетрин и семејството беа уловени од папараците додека се раздвижуваа низ улиците во близина на нивниот дом во Лондон. На фотографиите, Пипа носи лежерен фустан од Кејт Спејд.






Ова е прво дете на Пипа и Џејмс. Момчето се роди тешко 3,9 килограми, но засега не е откриено неговото име.


Неколку дена пред породувањето, Пипа присуствуваше на кралската свадба на принцезата Јуџини.


Пипа и Џејмс стапија во брак во јули минатата година.
