Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Нил Патрик Харис и Дејвид Буртка си разменија нежности за „Out“

ФОТО: Нил Патрик Харис и Дејвид Буртка си разменија нежности за „Out“

Нил Патрик Харис, познат по улогата на Барни Стинсон во серијата „How I Met Your Mother“, позираше со својот љубовен партнер Дејвид Буртка за списанието „Out“.

Во љубовното издание на списанието може да се видат можеби најинтимните фотографии кои досега се појавиле од Нил и Дејвид.

Дејвид и НилДејвид и Нил за „Out“

Во интервјуто за списанието парот сподели дека нивната љубов е многу силна, но не е без пречки.

Дејвид и Нил за „Out“

Харис споделил дека уште на првата средба бил шармиран од Дејвид, иако знаел дека Дејвид е во врска. „Пелтечев околу него. Не можев да ги тргнам очите од него“ – изјавил тој.

Сепак, привлечноста била заемна. „На крајот јас раскинав со мојот партнер и една недела подоцна излеговме на состанок со Нил. Започнавме да се дружиме секоја вечер, и три месеци подоцна дружењето стана постојано. Разговаравме на телефон најмалку по 8 пати дневно и си праќавме пораки најмалку 25 пати дневно. Тој е мојот живот, на неверојатен начин. Без него, не можам да дишам“ – рекол Дејвид.

Дејвид и Нил за „Out“

Двајцата признале дека отсекогаш сакале деца и зборувале за деца уште на првиот состанок. Во октомври 2010 тие станаа родители на близначиња родени со сурогат-мајка.

Дејвид и Нил со близначињатаДејвид и Нил со близначињата

Колку и нивната врска да изгледа совршена, тие споделиле дека имаат лоши моменти. „Не сакам луѓето да си мислат дека сме совршен пар. Ништо не е совршено. Секоја врска е работа и се менува. И ти треба да се прилагодиш на промените. Има повеќе добри отколку лоши времиња, но не се секогаш добри. Не се обидуваме да се престоруваме дека сме совршени“ – додал Буртка.

Харис открил и дека со нетрпение го очекува денот кога ќе стапи во брак со Дејвид. „Не сум најголем обожавател на зборот партнер. Тој или значи дека сме бизнис партнери или дека сме каубои. Отсекогаш сум велел – мојата подобра половинка... но, би било убаво да речам мојот сопруг“ – изјавил тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.