Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: На 51 година сè уште заслужено е нарекувана „Телото“

ФОТО: На 51 година сè уште заслужено е нарекувана „Телото“

Ел Мекферсон, супермоделот со прекар „Телото“ (The Body), има физичка градба каква што посакува секоја девојка која зачекорува во модната индустрија.

Атрактивната Австралијка постојано изнудува позитивни коментари и комплименти, а новите фотографии покажуваат зошто.

Ел Мекферсон Ел Мекферсон Ел Мекферсон

51-годишната убавица која е мајка на две деца и маќеа на три, вели дека во последните неколку години особено се грижи за здравјето. Пред две години таа пронашла грутка на градите и се плашела дека станува збор за рак на дојка. За среќа, резултатите покажале дека се работи за фиброаденом. Оттогаш таа си ја променила исхраната и начинот на живот.

Ел Мекферсон

Секој ден Ел го започнува со лимонова вода. „Пијам половина литар вода со сок од лимон“ – вели таа.

Друго правило по кое живее Ел е „задолжително спиење 7 часа дневно“. „Си го местам алармот еден час пред да треба да станам. Ако треба да станам во 5 наутро, морам да сум в кревет до 22 часот за да добијам 7 часа сон. Треба дисциплина, но мене ми одговара, бидејќи ги обожавам утрата. Првиот час од денот го користам за медитација и за да се подготвам за денот“ – рекла таа.

Ел Мекферсон Ел Мекферсон Ел Мекферсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10977 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.